CEED Центри
MKENEnglish
Homepage > Pages > Projects > default  
 

ПРОЕКТИ

 Актуелни проекти

CEED Middle Management – Специјално дизајнирана програма за раководителите од средно ниво

Временска рамка: 13.04.2011 - 30.07.2012  
CEED Македонија во април 2012-та по трет пат ќе ја организира програмата CEED Middle Management, специјално дизајнирана и наменета за раководители од средно ниво.
CEED Middle Management е сеопфатна и отворена програма наменета исклучиво за раководители од средно ниво. Таа е создадена поради специфичната улога што менаџерите од средно ниво ја имаат во своите компании, истовремено наоѓајќи се во положба на претпоставени на тимот со кој раководат и подредени на раководителите од повисоко ниво, што ја прави нивната улога особено комплексна и тешка.

 Завршени проекти

Организација на Работилници на тема ”Зголемена даночна наплата преку подобрен Кодекс на Етика и подобрени менторски вештини на даночните службеници”

Временска рамка: 01.05.2008 - 01.07.2008  
CEED Македонија беше ангажиран од страна на Проектот за деловно опкружување на УСАИД да развие и организира серија од четири дводневни Работилници наменети за вработените во Управата за Јавни Приходи на РМ.

Интегриран систем за влез на пазарот во Косово

Временска рамка: 01.10.2009 -  
Центарот за развој на претприемачи и менаџери - ЦЕЕД Македонија започна со спроведување на проектот “Интегриран систем за влез на пазарот во Косово” кој нуди финансиски и временски ефективна алтернатива за македонските компании кои сакаат да истражат нови пазари за своите производи и услуги.

Програма за зајакнување на дијалогот помеѓу јавниот и приватниот сектор

Временска рамка: 01.06.2010 - 02.07.2010  
$0Програмата за зајакнување на дијалогот помеѓу јавниот и приватниотсектор е програма која ЦЕЕД, во соработка со Проектот за деловноокружување (БЕА), специјално ја дизајнираше за потребите на раководители од средно ниво во јавните институции на Република Македонија(регулаторни тела, стопански комори и други институции од јавниотсектор), значајни за креирање на бизнис климата во Македонија и на сопственици и менаџери од бизнис секторот во Македонијакои се заинтересирани за зајакнување на комуникацијата со јавниотсектор и стекнување на дополнителни знаења и вештини за поефикаснакомуникација и поуспешно застапување и лобирање.$0

Сертифицирани CISCO Starting a Business курсеви за потенцијални млади претприемачи

Временска рамка: 22.11.2010 -  
$0$0Во периодот од октомври до декември 2010, Фондација ЦЕЕД Македонија во соработка со ПСМ Фондација, а со финансиска поддршка од Balkan Children Youth Foundation ги спроведува курсевите Starting a Business на Cisco Entrepreneurs Institute наменети за лица кои сакаат да започнат бизнис или пак сакаат да се здобијат со знаења за како се планира, основа и започнува бизнис.$0$0

Skip to main content