CEED единствено во Македонија организира програма специјално дизајнирана и наменета за раководители од средно ниво!
Програмата CEED Middle Management е сеопфатна и отворена програма наменета за раководители од средно ниво, кои имаат специфична улога, бидејќи се наоѓаат истовремено во положба на претпоставени на тимот со кој раководат и подредени на своите раководители од повисоко ниво. Ваквата двојна улога ја прави положбата на раководителите од средно ниво дополнително тешка и комплексна за ефикасно извршување со минимално ниво на стрес.
Оваа програма е создадена со цел да одговори на специфичните потреби на раководителите од средно ниво така што нуди знаења, вештини и техники за ефикасно раководење со вработените, успешно балансирање на индивидуалните задачи и личните потреби со барањата на претпоставените од повисоко ниво, при тоа сведувајќи го нивото на стрес на минимум.
Учесниците ќе бидат вклучени во едукативна и развојна програма базирана на нови знаења и усовршување и зајакнување на вештини, размена на искуства со другите учесници и воспоставување на соработка и деловни контакти.
Програмата веќе два пати беше успешно реализирана во периодот мај - јуни 2011 и декември 2011 - март 2012, а во неа земаа учество менаџери на неколку реномирани и успешни компании, како: ЕВН, Еуролинк, Авицена, Дуна Клуб, Wrigley, Даталаб, Медикус Хелп, Вработување.Ком, Вработување Лизинг, Штедилница Можности, Рептил Маркети, Алкалоид, Раде Кончар ТЕП, и други. Сите го изразија своето задоволство што присуствуваа на оваа програма, опишувајќи ја како многу корисна во практичната работа.
Еве што кажаа некои од учесниците:
“На секоја од сесиите од CEED Middle Management програмата научив барем по една нова работа применлива во мојата работа и/или приватен живот, а стекнатите контакти (networking-от) се бесценети” – Дејан Ваневски од Wrigley
“Најмногу ми се допадна стилот и начинот на одржување на предавањето од страна на тренерот” – Александар Малев од Еуролинк осигурување
„Најголем впечаток од обуката ми остави модулот „Управување со време и приоретизирање“. Особено сум задоволна и воодушевена од тоа како предавачот ја водеше обуката, од целокупната организација и од тимот на CEED“. – Стојанка Смилевска од Вработување Лизинг
„Обуката беше добро конципирана и приспособена на реални потреби. Најдобра обука на која сум присуствувал.“- Коста Ристовски од Штедилница Можности
„Обуката ми помогна во совладувањето на секојдневните обврски, и што е поважно – почнав да ги применувам научените техники кои досега не сум ги применувала.“ – Сузана Тодоровска од Реприл Маркети
„Предавачот е доста енергичен и интересен за слушање и стои на располагање за отворен разговор и советување“ – Александра Видимче од Штедилница Можности
„Една од најдобрите обуки кои ги имам посетено. Многу сум задоволна и планирам да дадам официјален извештај до претпоставените со препорака и други менаџери од нашата фирма да ја посетат обуката. Ви благодарам“. – Марта Кулевска од Штедилница Можности
Пријавувањето трае до 11.04.2012 година!
За повеќе информации контактирајте нe на 075/214 344, 02/3061 333, 02/3079 611 или на следната е-маил адресa: atrpovska@ceed-macedonia.org.